Македонија

Скопје доби скејт-парк по сите стандарди

Скопје доби скејт-парк по сите стандарди

Нов скејт-парк се отвори денеска на Кејот на реката Вардар. Скејт-паркот како идеја е добиена уште во 2012 година на владиниот ден на идеи, рече денеска премиерот Никола Груевски.

„Овој скејт-парк е навистина потребен за Скопје и е дел од нашата програма. Тој е изграден по сите потребни стандарди и димензии. Неговата изградба чини околу 200 илјади евра. Изградба на вакви паркови се предивидени и во Охрид и Битола, а може да се изградат и на други локации“, рече премиерот Груевски.

Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, истакна дека овој скејт-парк е првиот од овој тип во Република Македонија и дека тој е целосно финансиран од страна на Град Скопје.

„Паркот е изграден според сите стандарди, неговите димензии се 15 метри во ширина, 50 метри во должина. Во паркот има девет справи и локацијата е оградена со ограда во задоволителна висина“, рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде и дека заинтересираноста кај зависниците од адреналински спортови е голема и за нивна поголема активност поставени се и рефлектори кои ќе им овозможат скејтање и во вечерните часови.