Скопје домаќин на Меѓународен средношколски турнир – наградени најуспешните

Градоначачникот на Град Скопје Коце Трајановски и амбасадорот на Хрватска во Република Македонија Данијела Баришиќ, вчера во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, им ги доделија наградите на најуспешните на Меѓународниот средношколски турнир „Скопје 2016“.

sportski-natprevari1

Трајановски истакна дека Градот Скопје има одлична соработка со збратимените градови во сите области, па така и во спортот.

-Ние ќе продолжиме и понатака како Град Скопје да финансираме во спортот, затоа што сметам дека е еден од најдобрите амбасадори на претставување на својата земја. Исто така во здраво тело има здрав дух, не мора да бидат сите професионалци, многу е важно да се занимаваат со спорт поради себе лично, заради своето здравје и за да може подобро да ги извршуваат своите работни задачи, потенцираше градоначалникот на Град Скопје.

sportski-natprevari2

Средношколските екипи се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка и ги постигна следниве резултати:

Во футсал (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Подгорица.

Во одбојка (женски) првото место го освоија средношколките од Скопје, втори беа средношколките од Софија, а на третото место  средношколките од Загреб.

sportski-natprevari3

Во ракомет (женски) најдобра беше екипата на Скопје, втори беа средношколките на Загреб, а третото место го освои екипата од Подгорица.

Во ракомет (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.

Во кошарка (жени) најдобра беше екипата на Загреб, а второто несто го освоија средошколките на Скопје.

Во кошарка (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.