Скопје домаќин на квалификациски турнир за ракометарки до 19 години

Женската младинска репрезентација на Македонија до 19 години викендов во Скопје е домаќи на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП, а во истата група со нас се уште и репрезентациите на Црна Гора, Исланд и Холандија.

Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје, а покрај Македонија,  учеснички се уште селекциите на Црна Гора, Холандија и Исланд. Двете првопласирани од групата ќе играат на ЕП во Шпанија.

Првиот ден Македонија од 18:30 часот ќе игра против Исланд, а во терминот од 16 часот ќе играат Црна Гора – Холандија. Утре (сабота) нашата репрезентација за противник ќе ја има Холандија, а во недела ривал е Црна Гора. И овие два дуела Македонија ги игра во терминот од 18:30 часот.

Во текот на овие три дена ќе се играат натпревари во вкупно осум квалификациони групи, а 13 од 29 репрезентации ќе се пласираат на завршниот шампионат што ќе се игра во Валенсија од 23 јули до 2.август