Спорт

Скопје – домаќин на квалификацискиот турнир за Европското футсал првенство

Скопје – домаќин на квалификацискиот турнир за Европското футсал првенство

Македонските спортски репрезентации се почесто ги гледаме на завршните турнири на европско и светско ниво. Во таа ситуација може да се најде и Македонската А футсал репрезентација.

Имено, станува збор за Европското првенство во футсал, чија квалификациска група 2 ќе се одигра токму кај нас, во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Освен домашниот терен, шансите за пласман ги зголемува и поволниот ждреб на противниците: тимовите на Унгарија и Швајцарија како конкурентни противници, и бронзениот тим на Шпанија од последното европско првенство – како дополнителна атракција.

Првиот меч го играме со Унгарија, на 18 март. Нашата цел е победа над овој тим, и на тој начин да обезбедиме најмалку учество во бараж турнирот на европското првенство. Тимот е во добра форма која што ја докажа со последните две победи над репрезентацијата на Грузија, која што по квалитет е блиска до ранкот на Унгарија. Тоа што и преостанува на нашата селекција е дополнителна мотивација. За тоа се потребни навивачите, а македонците тука се одлични, и доколку би постоело Европско првенство во навивање, сигурно би се пласирале на финалните турнири.

005

Ако сеуште се двоумите, уште некој збор два за малиот фудбал и што има тој да понуди за гледачите во живо: многу повеќе динамика, голови и атракции за разлика од поголемиот негов брат.

Причина плус за посета на овие натпревари е и можноста безгрижно да ги понесете и припадничките од понежниот пол, како и најмалите, затоа што не сте изложени на милоста на временските услови – се наоѓате на топло и суво, во удобноста на нашите современи сали, каде што се изиграле голем број на историски мечеви на кои вие најверојатно веќе и сте присуствувале. Само потсетете се на доживувањето, и тоа нека ви биде поттик повеќе за присуство на овој одличен спортски настан во живо.