„Скопје град без насилство“ продолжува и денес

Подобрување на безбедноста на јавни места и зголемување на толеранцијата меѓу младите е целта на проектот „Скопје град без насилство“ што го спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје.

Третата фаза од проектот ќе се реализира денес во 18 часот пред арената „Филип Втори“ во Градски парк во Скопје.

Одделението за превенција при СВР Скопје ги реализира активностите со поддршка на Одделот за развој на полиција при Мисијата на ОБСЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.