Скопје и Комитите на нозе, гостува Пелистер

Најпосле дојде и тој ден, најпосле фудбалските фанови во Скопје ќе добијат шанса во живо да го следат најголемиот дерби натпревар во македонската Прва лига, дуелот помеѓу вечните ривали, Вардар и Пелистер.

Веќе неколку дена, дуелот на националната арена „Филип Втори” е во центарот на фудбалското внимание, а свој удел во дерби натпреварот од 21. коло ќе дадат и најверните фанови на Вардар, популарните „Комити” кои најавија огромна поддршка , но и гостинските навивачи популарните “Чкемари” кои најавија гостување со најмалку 1.000 верни фанови.

“Екипата се подготвуваше за овој натпревар сосема нормално како и за другите средби. Имавме девет дена за да се подготвиме за овој натпревар, поминавме неколку дена со по два тренинга, а послените денови работевме на тактички план за овој натпревар.За тоа колку добро сме работеле ќе може да го покажеме на теренот. Слушнав за ривалитетот на двете екипи и навивачите на двата клуба се големи ривали. Нешто како ривалитетот на ЦСКА Москва и Спартак. Знам дека постои ривалитет меѓу навивачите, но тоа нас не треба да не деконцентрира, ние треба да покажеме добар и квалитетен фудбал и најважно е да победиме и да ги освоиме бодовите. Ја анализиравме играта на противникот и ќе се обидеме да ги искористиме сите нивни слаби страни”, изјави тренерот на Вардар, Сергеј Андреев.

Пресметката помеѓу најголемите ривали во македонската Прва лига, Вардар и  Пелистер ќе стартува во 16 часот.

Денеска на програмата: Хоризонт – Металург, Брегалница – Работнички, Еуромилк – Шкендија, Ренова – Гостивар, Македонија ЃП – Напредок, Вардар – Пелистер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.