Скопје и Софија се збратимија

Советот на Град Скопје денеска на својата 43-та седница едногласно ja  донесе Одлуката за збратимување на Градот Скопје со Градот Софија.

Со носењето на оваа одлука, Градот Софија станува 19-от град со кој Скопје се збратимува.

skopje

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја поздрави оваа одлука истакнувајќи дека истата се носи по долгогодишната соработка помеѓу Софија и Скопје и истата ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско ниво, размена на искуства и соработка, како и соработка во заеднички проекти.


Untitled-1skopje1skopje1

Оваа одлука ја поздрави и Н.Е. Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, кој изрази надеж дека оваа одлука ќе ја направи уште поплодна  и онака одличната соработка помеѓу градовите Скопје и Софија.