Македонија

Скопје ќе донира еден милион денари за погодените во земјотресот во Непал

Скопје ќе донира еден милион денари за погодените во земјотресот во Непал

Градот Скопје, како израз на солидарноста кон настраданите од катастрофалниот земјотрес во Демократска Република Непал, ќе даде парична помош во износ од 1.000.000 денари.
Парите ќе се обезбедат од градскиот буџет за оваа  година.

Според податоците на локалните власти во Непал во земјотресот се повредени околу 10 000 луѓе на кои им е укажана медицинска помош, а загинатите се 5 489 до моментов.

Секундарните потреси во епицентарот на земјотресот продолжуваат, до сега се регистрирани повеќе од 102 потреси со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала. Спасувачките операции во земјата продолжуваат, но, се попречени поради поројните дождови во дел од земјата.