Скопје: Маскирани напаѓачи претепале таксист

Таксист од Скопје бил претепан во раните утрински часови од маскирани лица додека бил паркиран со возилото.

Како што информира МВР, Ф.Д. (33) од Скопје пријавил дека во 03.15 часот на ул. “Мирче Ацев“  физички бил нападнат од неколку непознати маскирани лица.

Пријавителот, кој работи како таксист, бил нападнат во моментот кога бил паркиран и бил во своето возило. Во наведеното време до неговото возило застанале две возила од кои излегле напаѓачите кои почнале да го удираат со тупаници преку отворениот прозор на неговото возило.

Потоа го извадиле надвор и продолжле со нападот, а еден од нив со метална шипка почнал да удира по возилото на Ф.Д.

Веднаш после нападот сторителите влегле во возилата и побегнале од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.