Скопје меѓу најевтините градови во Европа

Порталот Expatistan објави мапа на која се претставени 225 градови ширум светот, како и бројни градови од Балканот. Од земјите во регионот, најевтино е да се живее во Скопје и Сараево, а најскапо во главниот град на Словенија.

Љубљана се наоѓа на 129 место во светот, а Загреб на 171 место, како поскапи градови во нашиот регион.

Скопје е на 212 место од 225 градови, односно меѓу најевтините во Европа, а Сараево е на 197 место.

Од останатите градови во поширокиот регион, Атина е на 131 место, Истанбул на 147, Братислава на 173, Будимпешта на 188, Букурешт на 193 и Софија на 206 место.

Според Expatistan, во светот најскап град за живеење е Цирих во Швајцарија, а по него се Осло, Лондон, Женева, Сингапур, Њујорк, Хонгконг, Сан Франциско, Перт и Лозана.

Овој сајт ги прикажува цените на животните трошоците каде може да сe спореди колку би ве чинел живот во одредени градови во светот.