Македонија

Скопје почна новогодишно да се кити

Скопје почна новогодишно да се кити

Град Скопје и годинава, традиционално, го реализира Прoект за украсување и декорирање по повод новогодишните и божикните празници, чија што главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје. Декорирањето и украсувањето, ќе ги опфати следниве простори:

-Плоштадот „Македонија“ до плоштадот „Пела“, како и на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следниве улици:

-Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; улицата „Даме Груев“; Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улица „Димитрие Чуповски“; улица „11 Октомври“; улица  „ВМРО“; улица  „Филип Втори Македонски“,  на потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“; просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“  до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; украсување на Паркот „Жена борец“;  украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“; украсување на улица „Македонија“; и Булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на  „Нова Македонија“.

Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка,  висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи, на просторот пред објектот „Лумукс“.

Декорирањето треба да заврши на 15 декември, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01.до 18.01.2015  година.

Новогодишните декорации ќе ги постави група на изведувачи фирмите „Линк Медиа” од Скопје и „Лутарико Дооел-Скопје”, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.