Македонија

Скопје со посебен сообраќаен режим поради натпреварот Македонија-Израел

Скопје со посебен сообраќаен режим поради натпреварот Македонија-Израел

СВР- Скопје информира дека од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така во попладневните часови сообраќајната полиција ќе презема мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. Во периодот по 17 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и  интензитет на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.