Скопје повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот

Нивото на загаденост во Скопје и во текот на вторникот е алармантно. Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување, неколкукрантно над дозволениот максимум.

Жителите на главниот град на земјата непрекинато дишат загаден воздух, а Скопје останува на врвот на најзагадени градови во светот.

Денеска беа активирани вонредните мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето. Од 10,30 часот скопјани бесплатно можеа да го корстат јавниот превоз. Поради енормното аерозагадување Владата ги задолжи министерствата и институциите да пременуваат мерки за да се намали стапенот на ПМ 10 честичките кои ги трујат граѓаните.

Намалување на користење на возилата на јавната администрација, реорганзирање на работното време за оние кои работат на отворено, зачестени испекции кон потенцијалните загадувачи, се само дел од мерките што ги наложи Владата.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека овој период е помалку загаден воздухот отколку што бил во минатото и дека работеле на системско решавање на проблемот.

И покрај мерките кои се применуваат, очигледно дека тие се недоволни за да се заштитат граѓаните, за слабата ефикасност на истите денеска членовите на МАНУ засегнати од алармантна ситуација со воздухот истакнаа дека досегашните воведени мерки не го даваат посакуваниот резултат.

Мерките се активирани бидејки два последователни дена загадувањето надмина над 200 микрограми пм 10 честички на метар кубен на повеќе од две мерни станици. Во вторникот попладнето беа измерени 201 микрограм во Карпош, 258 во Ректорат, 217 во Гази Баба, 229 микрограми кај Миладиновци и 222 микрограми на пунктот кај Лисиче.

Клиниките секојдневно се полнат, а Скопје изгледа како сцена од апокалиптичен филм. Жителите се шетаат со заштитни маски и се плашат за своето здравје. Први на удар од аерозагадувањето се хронично болните и малите деца. Лекарите советуваат да не се излегува надвор во деновите кога има висок степен на загаденост и да се купат прочустувачи на воздух.

Властите пред изборите ветуваа брзо решавање на проблемот со загаденоста, но граѓаните се измамени дека тие имаат решение и оти ќе спроведат итни мерки за трајно решавање на проблемот. Веќе четири месеци жителите на Скопје се гушат во загадениот воздух, а популистичките привремени мерки што се носат не даваат никакви ефекти.