Македонија

Скопје се подготвува за големиот првоаприлски маскембал

Скопје се подготвува за големиот првоаприлски маскембал

Утре е Денот на шегата, на смеата, на среќата, на местени и лаги, но пред се’ утре е ден кој во Скопје  се прославува со целодневен маскембал. Претпладнето е посветено на најмалите и најслатките, додека вечерните часови се резервирани за луда забава под кретивни и необични казни.

Детскиот културен центар “Карпош“ и Град Скопје за денот на шегата традиционално ја организираат манифестацијата Априлијада 2014, која се одвива под мотото: „Скопје се смее“.

Забавата започнува претпладнето  во 11 часот на  плоштад Македонија, со голема детска маскенбал журка, со деца од  сите основни училишта, градинки и останатите  деца на град Скопје, со маски, кловнови,балони,песнички,игри,забава… со фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Во 21 часот на плоштадот Македонија ќе почне лудата забава под маски со македонската естрада, легендарниот  Драган Мијалковски, македонските поп ѕвезди  Александар Митевски и Александар Белов, младите пејачки имиња  Елена Миленковска и Коста Костовски, групите Four Strings и Sax & Sex… На сцената ќе продефилираат маскирани посетители, ќе има изненадувања за присутните, а забавата ќе финишира со празничниот  диџејски сет на единствениот DJ Бабура.

Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска (Бекстејџ) и Антонио Димитриевски (Вистина.мк и РСМ).

И во останатите македонски градови се организираат забави и паради за утрешниот ден.

Затоа изберете ја вашата маска и шегувајте се со сите околу вас.