Македонија

Скопје и Софија железнички ќе се поврзат во 2020 година

Скопје и Софија железнички ќе се поврзат во 2020 година
Скопје и Софија железнички ќе се поврзат во 2020 година

Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и на експертски тимови биле теми за кои разговараа денеска во Скопје директорот на ЈП Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и директорот на Бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев.

Асани го информирал директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите поврзани за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек, и најдоцна до 2020 година се очекува Македонија и Бугарија железнички да се поврзат, соопшти МЖ-Инфраструктура.

– Ако се оди според планот за четри години е предвидено  да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат, истакнал Асани на средбата со Ламбрев.

Асани и Ламбрев

Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.

– Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија, рекол Ламбрев.

Асани го информирал својот бугарски колега и за моменталните активности кои се одвиваат на Коридорот 8, односно железничкото поврзување со Албаниаја каде што 50 отсто од главниот проект е веќе направен.

Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.