среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Скопје: Вчера четири сообраќајки, две лица повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

soobrakajka-aaa

Поврзани вести

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Како што информира за МИА самостоен инспектор Драган Вељаноски од СВР-Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Триесет и двајца возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот,  седум возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 10 пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 68 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во О.У Ацо Шопов општина Бутел.

Најчитани вести