Скопје: Во три дена 32 сообраќајки

На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 32 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 13 март, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и седум се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца пешаци.

Во сабота, на 14 март, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле седум возачи на патничко моторно возило, четири сопатници и двајца пешаци.

Во недела, на 15 март, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција откри и санкционирани 28 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 27 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 23 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, 12 возачи кои поминале на црвено светло на семафорот и 16 возачи коишто не го користеле сигурносниот појас. Исто така, санкционирани се и повеќе пешаци, возачи на мопеди, како и возачи почетници за сторени прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена сообраќајната полиција отстрани 104 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „26 Јули“ кое се наоѓа на територија на општина Шуто Оризари.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.