Крими хроника

Скопска бизнисменка со својот партнер проневериле 50.000 евра преку ДДВ

Скопска бизнисменка со својот партнер проневериле 50.000 евра преку ДДВ

Кривични пријави за „Измама“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Соизвршителство“ добија управителката и сопственичка на Хардекс Трејд ДООЕЛ од Скопје С.Р (27) од Скопје, и лицето А.А (42) Тие  во текот на 2011 година, изготвиле и употребиле ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно, во истата евидентирале измислени влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација за истиот.
Пријавените лица со поднесување на фалсификуваната ДДВ пријава противзаконски и неосновано успеале да извршат поврат на ДДВ во износ од 50.000 евра, и на тој начин го оштетиле државниот буџет.

Веднаш откако парите пристигнале на сметката на правното лице, второпријавениот А.А ги извадил сите средства во кеш и ги поделил со другите учесници во криминалот, кои понатаму ги користеле за свои лични потреби.
Двете пријавени лица се изведени пред надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје.