„Скопска“ ќе се купува и надополнува само во билетарите

Од ЈСП информираат дека денеска заврши договорот помеѓу ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, па во наредните неколку денови граѓаните нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ во продажните места кои не се сопственост на претпријатието.

Тоа ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат 32 билетарници.
ЈСП Скопје навремено се подготви за решавање на оваа ситуација, потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција. Ви се извинуваме за евентуалните нелагодности поради оваа ситуација, но пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имаме склучлено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвено решение, со кое многу наскоро продажба на нашите услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција, велат од ЈСП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.