Скопската обиколница денес отворена за сообраќај

Скопската обиколница на која се снима филмот „А фонд“ денеска ќе биде отворена за сообраќај поради најавените врнежи дожд, соопшти АМСМ.

Обиколницата утре ќе биде затворена од 5:00 до 18:00 часот.

Поради снимањето на филмот беше најавено дека до крајот на месецов обиколница ќе биде затворена од 7 до 19 часот.