Скопската обиколница од денес во употреба

Скопската обиколница од денес повторно е во употреба.

Продукциската куќа „Chic films“ и Мануфактура продукција, поради временската прогноза и најавата за дожд, денес нема да снима и обиколницата околу Скопје повторно ќе биде ставена во употреба, соопшти АМСМ.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Скопската обиколница од денес во употреба
Скопската обиколница од денес во употреба

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.