Македонија

Скопската обиколница затворена за сообраќај

Скопската обиколница затворена за сообраќај

Oд 7 часот изутрина скопската обиколница е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“. Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.

Еве во кои денови ќе има времен режим на сообраќај на скопската обиколница

Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ –  клучка „Сарај“ (Скопска обиколница)  ќе има  16 дена  од 7 до 19 часот.

Времен режим на сообраќај на скопската обиколница
Времен режим на сообраќај на скопската обиколница

Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември,  од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Инаку од АМСМ утрово информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.