Скопската обиколница утре отворена за сообраќај

АСМС во името на продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, информира дека поради временската прогноза која се најавува дожд, обиколницата околу Скопје во понеделник повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија.

Првично беше најавено дека до крајот на овој месец скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај поради тоа што таму се снима филм во периодот од 07 до 19 часот.

На скопската обиколница веќе е започнато снимањето на филмот „А Фонд“ на францускиот продуцент Шик Филмс.

После 28 септември, снимањето на филмот се сели на на автопатот Неготино-Велес каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.

Филмот што се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници а негова премиера се очекува во јуни следната година.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.