Скопската обиколница утре отворена за сообраќај

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај поради метеоролошките најави за интензивни врнежи дожд, соопшти Манифектура продукција  во име на „Шик филмс“.

Во сабота, пак, обиколницата од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

На скопската обиколница францускиот „Шик филмс“ го снима филмот „А фонд“. Поради снимањето на филмот за до крајот на месецов беше најавено дека  обиколница ќе биде затворена од  7 до 19 часот.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на патиштата во државата се одвива по влажни коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.