Скопската обиколница утре отворена за сообраќај

Скопската обиколница утре повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“ која таму го снима филмот „А Фонд“.

Филмот почна да се снима во понеделникот, од кога обиколницата беше затворена за движење на возила.

Поради неповолната временска прогноза, екипата утре, како и денеска, нема да снима и скопската обиколница ќе биде во употреба за сообраќај за граѓаните.