Скопската обиколница утре повторно во употреба

АМСМ доцна попладнево соопшти дека утре скопската обиколница повторно ќе биде ставена во употреба.

– Во името на продукциската куќа “CHIC FILMS” и  МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, ве известуваме дека скопската обиколница во текот на утрешниот ден повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението од АМСМ.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во тек снимањето на францускиот филм „А фонд“

На скопската обиколница во понеделникот почна снимањето на филмот „А Фонд“ на францускиот режисер Никола Бенаму.

Локацијата ја посети и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која откако ја разгледа опремата рече дека е одушевена од тоа што го видела и и посака успешна работа на филмската екипа.

A fond 09 - 09 - 2015

021A A fond 09 - 09 - 2015

Оваа технологија е од прв ранг и првпат се користи во Македонија. Можеме да видиме директно снимање, на отворено, а не во филмско студио, и снимањето веднаш, безжично се пренесува во кабината на возилото во која е режисерот и тимот. Работата се одвива според динамиката. Снимањето на овој филм и оваа странска инвестиција многу ќе значи за Република Македонија затоа што голем број наши филмски експерти кои се вклучени ќе добијат големо знаење за оваа најсовремена технологија. Македонија со ова навистина ќе се најде на мапата на светската филмска индустрија, а тоа го видовме и во изминатите денови кога на многу светски интернет-страници се спомнува Македонија во однос на снимањето на „А Фонд“, изјави Канческа-Милевска.

Режисерот Бенаму и продуцентите од француската продукција „Шик филмс“ Марко Шеркуи и Лоран Бурашо го објаснија начинот на снимање и она по што снимањето на „А Фонд“ е различно од други проекти.

010 A fond 09 - 09 - 2015

05 A fond 09 - 09 - 2015

Правиме нешто што досега не е направено – снимаме во живо. Вобичаено овие филмови се снимаат во студио со зелена позадина и потоа се прави се во постпродукција. Но нашата идеја беше да се вратиме на снимањето во живо, како што сега повторно се враќаат многу филмови, како „Лудиот Макс“ и „Невозмона мисија“. Сакаме да заборавиме на постпродукција и 3Д, туку да се снима вистински, во реално време. Имаме специјален систем за снимање возење мотор во живо со голема брзина, а притоа да се запазат сите мерки на безбедност. Им се заблагодарувам на целата земја, на Владата и на македонскиот народ.  Главната работа е дека имаме многу добра соработка. Незвозможната мисија ја направивме возможна, изјави режисерот Бенаму, кој е  познат по филмот „Бејбиситинг“.

Од Македонија во снимањето на филмот ќе бидат вклучени 180 статисти и над 280 возачи за сцените со метеж од автомобили. Продуцентот Сашо Павловски од македонската продукција „Мануфактура“  истакна дека од почетокот Македонија учествува со сценографија и костимографија, а француската екипа веќе побарала и светло така што, рече тој, се отвора повеќе простор за директно учество на македонска екипа.

 Учеството се проширува и во снимателскиот дел – ќе има двајца или тројца директори на фотографија од Македонија кои ќе работат како асистенти на главниот снимател. За овие два-три дена француската екипа стекна голема доверба во нас и сите се задоволни како работат Македонците. „Шик филмс“ е реномирана продукција и кога тоа ќе го прошират како глас мислам дека со многу поголема доверба ќе доаѓаат и дека многу повеќе луѓе од Македонија ќе имаат ангажман, изјави Павловски.

Снимањето на францускиот игран филм „А Фонд“ беше најавено како најголема странска инвестиција во областа на филмската индустрија досега во земјава. На прес-конференција во петокот беше соопштено дека овој филмски проект носи огромни придобивки за Македонија, ја афирмира и промовира како филмски центар во меѓународни рамки. Економскиот бенефит од реализацијата на филмскиот проект изнесува два милиона евра.

04 A fond 09 - 09 - 2015

Продукциската куќа „Шик Филмс“ снима од 250 до 300 филмови. Филмот „А Фонд“ е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници. Премиерата на филмот се очекува во јуни 2016 година.