Македонија

Скопската обиколница затворена за сообраќај до петок

Скопската обиколница затворена за сообраќај до петок

Скопската обиколница од клучката кај Хиподром до клучката Сарај, и денеска е затворена за сообраќај поради снимање на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“.

Според најавата од „Чик филмс“ и „Манифактура продукција“ скопската обиколница ќе биде затворена до петок во периодот од 5 до 18 часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.   

Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.