Скопската зоолошка ве кани на забава

Овој викенд, се реализира претпоследното издание на фестивалот кој децата покажаа дека навистина им се допаѓа – Детскиот ЗОО Фест во Зоолошката градина во Скопје.

ЗОО Фест забавата во скопската Зоолошка градина продолжува и во следните две саботи, од 12:00 часот. Фестивалот полека се ближи кон својот крај, па искористувањето на последните топли сончеви зраци е одлична можност за забава.

Детскиот ЗОО фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче каде се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните. Дополнително, сите деца ќе имаат можност да присуствуваат на демо час по англиски јазик според програма за рано изучување на истиот.

Во Сабота, од 12:00 часот, започнува ЗОО Фест забавата во Зоолошката градина.