Скопски бизнисмен уапсен во Кукуш со голема сума непријавени пари

Грчката полиција, во Кукуш открила десетина илјади евра, непријавени пари кај 46 -годишен државјанин на Македонија, чиј идентитет се’ уште не се открива. Единствено што е познато е дека се работи за бизнисмен од Скопје, кај кого се најдени и фалсификувани сметки за купена роба во Грција.

Приведениот македонски бизнисмен изјавил дека тргнал кон Солун да купи производи кои ги нема во земјава.

Кај него е пронајдена голема сума на девизи, а истражителите се сомневаат дека тој сакал да прикаже во Скопје дека потрошил многу пари во Грција, а за тоа да добие повраток на средства од државата.

Јавниот обвинител на Кукуш му одредил притвор, а парите се запленети.