Скопски бизнисмен злоупотребил 143.000 евра од ДДВ

Сопственикот на фирмата „БОКИ ГРУП ДООЕЛ“, Ќ.И. од Скопје, преку измама и фалсификување нa документи, односно неоснован поврат на ДДВ, го оштетил државниот буџет за 143.000 евра во текот на 2009 година.

Главниот оосмничен измамата ја реализирал со помош на познат сметководител З.З. вработен во „МАК КОНСАЛТИНГ СУЗАНА ДООЕЛ, и тој ќе одговара за „Помагање“ иФалсификување или уништување на деловни книги“

Првопријавениот, заедно со својот сметководител, употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно во истата евидентирани се фиктивни влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација кај добавувачи кои наводно ги испоставиле овие фактури.
Фалсификуваните фактури не се евидентирани во нивните сметководствени евиденции, ниту пак е извршено плаќање по истите, на кој начин пријавените ги измамиле односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП кои ја вршеле контролата кај даночниот обврзник.
Како резултат на добро организираната измама, двајцата пријавени успеале противзаконски и неосновано да извршат поврат на ДДВ при што директно го оштетиле државниот буџет на за 143.000 евра.

Финансиската полиција во соработка со Управата за јавни приходи против второпријавениот сметководител З.З пред неколку месеци веќе поднесе пријава за „Измама за ДДВ“ со други фирми во негова сопственост со кои успеал да инкасира повеќе од 750.000 евра од неоснован поврат на ДДВ.

За ова кривично дело З.З заработи и мерка притвор а целокупниот имот му беше замрзнат од страна на органите на прогонот.

Против Ќ.И. полицијата поднесе кривична пријава.