„Скопски легури“ доби национална награда за општествена одговорност

Компанијата „Скопски легури“, доби Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за проектот  „Од отпад до производ” во категоријата „Однос кон животната средина”, за 2017 годна.
За истио проект, оваа компанија доби и Признание за најинвентивна практика.

Како што посочи Денис Корнијенко, генералениот директор на „Скопски легури“ проект „Од отпад до производ“ ги одразува светските трендови насочени кон зеленото производство во областа на металургијата,  што доведува до зачувување и грижа за околината сега и за идните поколенија.

Со плодната работа на учесниците во процесот – вработените во компанијата Скопски Легури за пет години постигнати се значајни резултати на полето на искористување на нус производи не само во градежната индустрија, туку и во земјоделството. За проучување и утврдување на позитивниот ефект на подобрувач на почвата Тераграмин, нашата компанија заедно со Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) во периодот 2016 – 2017 година успешно спроведе експерименти во 3 региони во Македонија на 5 различни земјоделски култури. Резултатите ги изненадија дури и најискусните агрономи – на пример, во кочанско ние постигнавме зголемување на принос на ориз до 100% или 1000 кг на хектар. Во 90-тите за ваков принос на земјоделец во Кочанско  му била доделена награда. Сакам да истакнам дека соработката со АПРЗ беше на врвно професионално ниво и особено би се заблагодарил на г. Сирета и локалните агрономи во општините, во кои беа спроведени опитите, вели Корнијенко.

Тој истакна дека компанијата ќе продолжи со проширување на искористување на Гранулатот и Тераграминот во градежната индустрија и земјоделството, а исто така ќе го споделуваат искуство за зачувување на околината и заштита на животната средина,  непосредно со изнаоѓање на примена на нус производи и со други заинтересирани компании.

На конкурсот на годинешнава награда беа пријавени 34 проекти, од 25 претпријатија, од кои 10 мали и средни претпријатија, кои аплицираа со 10 проекти, а 15 големи претпријатија на конкурсот доставија 24 проекти. Притоа, оваа година за првпат аплицираа 8 претпријатија, односно 32% од вкупниот број, што говори дека интересот на фирмите за учество во наградата од година во година се зголемува. А покрај стандардните категории, однос кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, однос кон животната средина и вложување во заедницата, и годинава, по третпат, беше доделено признание за најинвентивна практика.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.