„Скопски летен ритам“ од вечерва на градските плоштади

Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, денеска на прес-конференција на плоштадот Мајка Тереза ги појасни деталите за проектот „Скопски летен ритам“.

Во рамките на Улични музичари и артисти, годинава ќе се одржи и проектот „Скопски летен ритам“, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица. На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вечер, во првите две недели по 20:30 часот, а потоа после 20 часот ќе се одржат од 6 до 7 настани, истите во соработка со изведувачи солисти или  музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика. На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади; на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации. Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, а планираме да траат до крајот на месец септемви, а доколку се поволни временските услови може да имаме настапи и во месец октомври. Програмата е разновидна и богата и е наменета за граѓаните и туристите, коишти во летниов период ќе престојуваат во нашиот град. Очекуваме во рамките на овој проект да се одржат над 40 настани на кој ќе настапат околу 100 учесници, истакна Бошковска.

Flaer-Leten-Ritam1-640x320

Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика преку квалитетна  културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.