вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Скопски населби и села утре без струја

Корисниците од населбата Бела Земја и од село Марино во општина Илинден, утре од 8 до 15.30 часот ќе бидат без електрична енергија.

99909374

Поврзани вести

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Смирненски“, дел од корисниците од село Љубин, долен дел и дел од корисниците од улицата „Брсјачка Буна“.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „7“ и центарот на село Долно Соње, во општина Сопиште.

Без снабдување со електрична енергија од 9.30 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Момин Поток, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Пелагонија“ и „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Најчитани вести