Скопски насилници, натепале средношколец, па направиле сообраќајка М

Млади насилници од Скопје вчера направиле хаос, прво натепале средношколец, а додека бегале изгубиле контрола над автомобилот и излетале од пат.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 12.30 часот, во дворот на средното хемиско училиште „ Марија Кири Склодовска“, двајца скопјани, 21-годишниот Ф.И. и една година постариот А.Д. го нападале 17-годишниот М.Д.

Насилниците со автомобил „фиат пунто“ дошле во училиштето, а потоа без повод и причина го нападнале средношколецот, удирајќи го со боксови по лицето и телото.

По нападот, двајцата со автомобилот избегале во правец на населбата Драчево, каде што изгубиле контрола над возилото и излетале во канал.

Ф.И. се здобил со телесни повреди и побарал лекарска помош во градската општа болница  Св.„Наум Охридски“.

Лицата се приведени, а следи расчитување на инцидентот.