Скопски саем има нов газда

Словенците си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов, објави „Фактор

Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.