Скопски тинејџер прободен со нож

тинејџер

По кажување на неговиот родител настанот се случил во Скопје на ул.„Христо Татарчев“, на автобуска постојка каде оштетениот бил пресретнат од страна на три непознати лица, кои без повод и причина почнале да му упатуваат пцовки и закани по што едно од лицата со нож му нанел убодна рана (расекотина).

С.Д. телефонски за настанот го известил неговиот татко, кој го однел во УЦ, каде му била констатирана телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот – стои во полицискиот билтен.