Скопскиот аеродром и денеска затворен поради магла

Сите планирани полетувања и слетувања на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од ноќеска се откажани поради густата магла.

Во текот на вчерашниот ден поради временските услови дел од летовите беа пренасочени кон Охрид, Софија и Белград, а дел беа откажани.