Македонија,Економија

Скопскиот аеродром во функција само два часа, досега откажани 16 летови

Скопскиот аеродром во функција само два часа, досега откажани 16 летови

Шеснаесет летови од и до скопскиот аеродром „Александар Велики“ досега се откажани поради маглата и ниската видливост.

Од ТАВ Македонија велат дека аеродромот ќе биде во функција само на неколку часа кога временските услови ќе го дозволат тоа.

„Поради неполните временски услови на магла и ниска видливост, авиосообрааќајот очекуваме да се реализира само во одреден краток период од денот, од 12 до 14 часот. Слетувањата закажани за скопскиот аеродром, може да бидат пренасочени на охрискиот или софискиот аеродром. Ве молиме следете ги информациите на нашата веб-страница (http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=357) или јавете се на телефонскиот број за информации, аеродромот ви е на располагање 24 часа.  За замена на авиобилети, ве молиме обратете се во соодветната авиокомпанија“, велат од ТАВ Македонија.

Утрово од „Александар Велики“ не беа реализирани 10 планирани полетувања кон повеќе европски дестинации, а на аеродромот во Петровец поради влошените временски услови не пристигнаа шест авиони.