Скопскиот муфтија демантира дека бил физички нападнат од поглаварот на ИВЗ

Скопскиот муфтија Ибраим Шабани демантира дека бил физички нападнат од поглаварот на Исламската верска заедница. Но, потврди дека бил вербално навредуван од него во присуство на верниците и соработниците при доделувањето на признанијата на оние што придонесле, на Скопското муфтиство да му се вратат имотите кај Ибне Пајко, преку процес на денационализација, пренесува МРТ.

Шабани побара јавно извинување од поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.