Скопскиот муфтија Ибрахим Шабани отстранет од седиштето на ИВЗ

Скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и генералниот секретар на Исламската верска заедница Африм Тахири го ослободија седиштето на ИВЗ, откако Основниот суд Скопје пред три дена донел решение веднаш да ги напуштат просториите, пишува „Вест“.

Тие ги вратија земените предмети и материјали, сопственост на ИВЗ, и првпат по 12 дена излегоа од зградата.
Шабани и Тахири одлучија да не ја напуштаат ИВЗ, откако пред две недели поглаварот Сулејман Реџепи донесе решение за нивни оставки.
“Мирно го напуштаме верскиот објект, водејќи се од актуелната ситуација во земјава, но и поради почетокот на верскиот месец Рамазан. Но ќе продолжиме со нашите барања за правдата на суд, како за вистината за работењето на реисот така и за прераспоредувањето од работните места”, рече Шабани.
Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи денес се враќа во седиштето. ИВЗ вели дека тој досега работел во медресата во Кондово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.