Скопските дрвореди како билборди

Во Скопје денеска започна акцијата „Читајте македонски автори и книги“, што ја организираат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонијапрезент“.

За таа цел на дрворедите како природни билборди беа излепени препораките за читање на новите книжевни дела од голем број македонски автори, меѓу кои овојпат се најдоа: Радован Павловски,Љубе Цветановски, Софе Штерјоски, Велко Неделковски, Киро Донев, Јордан Плевнеш, Билјана Станковска, Христо Петрески, Трајче Кацаров, Ванчо Полазаревски, Борче Грозданов, ЕленаПренџова,  Ерол Туфан, Тоде Илиевски, Петко Шипинкаровски, Филип Димкоски  и други.

Кампањата ќе продолжи и во наредните месеци, а секоја следна сабота ќе се лепат летоци со нови автори и наслови.

Исто така, во меѓувреме, ќе виде покренат и профилот Македонски автори и книги на кој секојдневно  ќе се препорачуваат нови творци и остварувања, а ќе се објавуваат и анкети и препораки зачитање, вести за промоции и слични настани, но и топ листи и други информации поврзани со македонските современи писатели и нивните најнови дела.

mak6 mak7