Скопското астрономско друштво организира воведен курс по астрономија

Скопското астрономско друштво в четврток почнува со 18. Воведен курс по астрономија, чија цел е запознавање со основните термини, принципи и факти од областа на астрономијата.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно, во вторник и четврток во амфитеатарот на ФЕИТ – Факултетот за електротехника и  информатички технологии  со почеток во 20 часот, а на посетителите не им се потребни предзнаења од областа на астромомијата.

За време на курсот предвидено е да се обработат 11 теми од кои две ќе се реализираат во Планетариумот при Македонскиот културен центар – МКЦ во Скопје, а во обуката е вклучено и теренско набљудување со најголемиот телескоп во Македонија.

Заинтересираните повеќе информации може да прочитаат на веб-страницата www.astronomija.mk.