Скопското муфтиство со ултиматум до ИВЗ

Од Скопското муфтиство поставија ултиматум од 48 часа, до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, јавно да се извини за навредите изречени на манифестацијата за успешно завршената денационализација на имотот на ИВЗ, објави МРТ.

Група верници од муслиманска вероисповест, заедно со скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, изутрината влегле во седиштето на Исламската верска заедница, по што била повикана полиција.

Од Скопското муфтиство поставија ултиматум од 48 часа, до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, јавно да се извини за навредите изречени на манифестацијата за успешно завршената денационализација на имотот на ИВЗ.

Од МВР велат дека имало оштетување на објектот и била најдена една чаура. Засега нема реакција од Реизот Сулејман Реџепи.

ФОТО: МРТ