Спорт

Скорцијанитис казнет со 18.500 долари

Скорцијанитис казнет со 18.500 долари

Центарот на кошаркарскиот клуб Макаби Тел Авив, Софоклис Скорцијанитис е казнет со седум натпревари неиграње и парична казна од 18.500 долари, заради обидот за физички напад на навивач од противнички тим по завршувањето на дуелот со Хапоел.

Симпатизер на најголемиот ривал на Макаби вербално го провоцираше Софоклис по крајот на мечот по што центарот не издржа и сакаше да го претепа…

Доколку Макаби го победи Хапоел Галил во четвртфиналето со 3:0, Скорцианитис би можел да настап на третата полуфинална средба од плеј-офот во израелската лига, бидејќи веќе паузираше на два натпревара.