Македонија

Скоро 19 илјади повици за 4 месеци на Ало докторе!

Скоро 19 илјади повици за 4 месеци на Ало докторе!

Вкупно 18.950 повици биле добиени на телефонската линија 02/15 123 од 15.09.2014 година, од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет АЛО ДОКТОРЕ !

Од 19.01 до 25.01 на оваа теледонска линија имало 936 повици кои побарале медицинска помош.

На граѓаните кои се јавуваа од целата територија на државата има се достапни 22 доктори за медицински совет.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија доколку било потребно.Поради здравствената состојба за која ја повикале линијата Ало докторе !

На две лица повикот им беше пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош 194!

Јавувањата најчесто во изминатава седмица се за респираторни симптоми ,кашлица ,настинки ,покачена телесна температура,стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ ! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Др.Ленче Неловска Директорка на Геронтолошки завод 13 Ноември ќе биде денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре Др.Мендух Јегени Директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство. На28 .01.2015 год.ДрЖивка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух ,говор и глас,на 29.01.2015 четврток Др.Оливер Зафировски Директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата и во петок на 30.01.2015 год.Др.Идриз Неџипи од психијатриската болница Скопје-Бардовци.

Во сабота31.01.2015 на 02/15123 од 18 ч до 22 часот Др.Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара и на 01.02.2015 год. Проф.Др.Небојша Пешиќ Директор на клиниката за дерматовенерологија.