Скоро цел СДСМ-овски професорски кадар со нула објавени трудови во реномирани списанија

Борче Давитковски, Ана Павловска Данева, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Гордан Калајџиев не се единствените опозициски професори кои немаат објавено ниеден научен труд со импакт фактор во меѓународно реформирани списанија. На оваа листа, која вчера ја објавивме, се додаваат и професорите Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, поранешен декан на Економскиот факултет, Ристо Малчевски, Мирјана Најчевска и Љубомир Цуцуловски кои заедно со претходно објавените се едни од најгласните поборници против измените во високото образовение.

Овие професори гласно го поддржуваат Студнетскиот пленум кој се бори против воведувањето на државниот испит. Но, од ден на ден се појасна е нивната задна намера зошто го поддржуваат Пленумот, односно се покажува дека тие го премолчуваат фактот дека со реформите во високото образование ќе бидат обврзани во секои 5 години да имаат објавено по најмалку два труда во меѓународно признаени спсанија.

На оваа листа се додаваат и асистентите кои немаат свои трудови со импак фактор на објавени на Web of science.

karolinaPolicija-636x320

Меѓу оние со 0 трудови се и Петар Атанасов, Каролина Ристова Астеруд, Ванчо Узунов, Рената Тренеска Дескоска, како и потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Поддршката на протестите е само потврда на досега објавуваните информации дека професорите и асистентите се борат против новите законски измени кои можат да го нарушат нивниот личен комодитет, односно да не се открие нивниот евентуален неквалитет, бидејќи полагањето на државниот испит воопшто нив не ги задира.

Во изминатите неколку години од 6.000 македонски професори во меѓународно реформирани списанија се објавени само 4.000 трудови. Споредбено во истиот период во Словенија професорите објавиле 50.000 трудови или 12 пати повеќе од македонските.

Токму поради ваквите бројки, новите законски измени имаат за цел да го подигнат нивото на високото образование во земјата, критериумите во истото, а трудовите на професорите треба да покажат дека се конкурентни на европско и светско ниво, нешто што веќе како практика се користи во многу европски развиени земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.