Жената во овој хороскопски знак зрачи со енергија!

Бестрашен и природен лидер, родена да биде на чело, поради што е и прв знак во зодијакот – зрачи со енергија, харизма и динамичност.

Стаува збор за хороскопскиот знак Овен.

Секогаш се радува на новите предизвици и едвај чека да започне новиот ден за да види што ќе и донесе. Сепак, поради својата нетрпеливост склона е да премине на нов предизвик пред да го заврши докрај претходниот.

Припадниците на овој знак се оптимисти, а често може да видиме како се борат за правата на другите, но и за подобра иднина за себе. Како и сите други и Овните имаат мани, а најчесто тоа се егоизмот, тврдоглавоста и љубомората.

Љубов

Во љубовта е многу страствена. Во љубовните игри сака да преземе иницијатива и да биде таа која ќе ја завде другата страна, а исто така ситните кавги и препирки ги доживува како предигра за секс. Често е магнет за мажите кои овие жени ги доживуваат како интензивни и интригантни. Освојувањето на жената Овен неретко е предизвик. Кога е заљубена, жената Овен се чувствува најжива и се во нејзиниот животстанува екстремно. Во врска не сака да се чувствува потчинета, но повремено покажувањето љубомора не е на одмет, бидејќи жените Овен сметаат дека тоа е знак дека партнерот знае колку таа вреди.

Романтиката не и е неопходна, но вниманието на патнерот да. Жените Овен се меѓу ретките жени кои знаат да ја одвојат љубовта од сексот. Некогаш и е полесно да се изрази ексуално отколку емоционално. Во сексот се отсликува нејзиниот авантуритички дух – обожува да пробува нови пози и нови места за секс.

Пријателство

Како и во љубовта, жената Овен може во еден момент да донее возбуда и хаос, а во наредниот веќе да ја нема. Пријателствата со Овен чето е интензивни, па и тогаш кога не траат долго, но жената Овен секогаш има пријатели за цел живот. Практикува да има широк круг пријатели, бидејќи константно ги менува интересите и нејзиното темпо не можат сите да го следат. Другите ги привлекува поради дозата на опасност и непредвидливост кои ги носи со себе како втора кожа.

Сепак, пријателите некогаш тешко ја разбираат нејзината силно изразена независност, а пријателките поради овие нејзини особини знаат да и позавидат.

Жените Овен секогаш гарантираат забава.

Изглед

Тие имаат фокусиран поглед, неукротлива коса, виоко изразено чело и помлку агресивен став. Главен дел на телото е главата, која чето е издолжена, а во пределот на очите пошитока, додека пределот кај брадата најчесто е покус. Нејзин заштитен знак се истакнатите и густи веѓи. Вратот исто така им е издолжен, а рамената силни и широки. Тие најчесто се со среда висина и прилично мускулето тело, а кожата со многу добра текстура.

Стил

Обожуваат да привлекуваат внимание, а како подобро ќе привлечете вниманите отколку со огнената црвена боја. Црвената боја рефлектира чиста, сирова енергија и живост на духот кој го поседува Овенот. Перфектно изгледа во кожени парчиња облека, сака светкави и сјајни парчиња облека, а нејзин заштитен камен е дијамантот, кој е синоним за сила, невиност и чистина, кои се главни карактеристики на жената Овен. Многу и е важно да биде фит, па затоа често можете да ги видите како вежбаат, а бидејќи се спортски типови добро им стои и спортска облека. Сакаат едноставни фризури за кои е потребно малку време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.