Скорсезе и Бланшет го отворија Канскиот фестивал

Австралиската актерка Кејт Бланшет, претседателка на жирито, и американскиот режисер Мартин Скорсезе, го отворија во вторникот вечерта 71-то издаение на Филсмкиот фестивал во Кан.

„Заедничка ни е страста кон филмот, тука сме да ја славиме седмата уметност“, изјави режисерот на „Таксист“, кому ќе му биде врачена Златната кочија и потоа ја повика Кејт Бланшет да му се придружи на сцената и заедно да го отворат фестивалот кој ќе трае следните дванаесет дена.

Шпанската актерска двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем прошетаа по црвениот тепих, со чиј филм „Everybody Knows“, на иранскиот режисер двапати награден со Оскар, Асгар Ферхади, започнува фестивалот во Кан.

Австралиската актерка, добитничка на Оскар и годинава претседател на канското жири, Кејт Бланшет го одбележа отворањето во вторникот со изјавата дека ќе мине многу време додека филмската индустрија не се сврти во полза на жените.

„За длабоките промени потребни се специфични активности. Неколку жени се во конкуренција. Тие не се тука затоа што се жени, туку поради квалитетот на нивната работа“, рече Бланшет на прес-конференцијата.

Фестивалот во Кан беше критикуван од страна на активистки на феминистичките движења бидејќи само три филма на жени режисерки ќе учествуваат во конкуренцијата за Златната палма за најдобар филм.

На 48-годишната добитничка на два Оскара и уште трите жени во деветчленото жири ќе им се придружат околу сто жени во саботата на црвениот тепих за да предупредат против дискриминацијата на жените во светската филмска индустрија.