Шкотска воведува минимална цена на алкохолот

Шкотска во вторникот тврди дека станала првата нација на светот којашто воведува минимална цена на алкохолот за тој да стане потешко достапен, иако руските власти од пред неколку години постепено го креваат минималниот праг на цените на жестоките пијалаци, но за шкотските ова е пионерска иницијатива покрената по годините судски битки.

„Шкотска е првата нација на светот доволно смела и храбра да воведе минимална единствена цена. Мислам дека земјите во Европа, и другите, ќе настојуваат да го преземат она што е направено тука во Шкотска“, изјави шкотската премиерка Никола Старџен додавајќи дека Ирска и Велс сакат да покрена слични проекти.

Сега е одредена минималната цена од 50 пени, или 57 центи, по единица алкохол, мерка којашто ги зема предвид истовремено процентот на алкохолот и количеството на производот. Така, шише виски од 70 центилитри, нема да може да се продава под 14 фунти, односно 15,60 евра, а шише од 75 цл вино од 12,5 отсто алкохол ќе чини најмалку 4,69 фунти, или 5,2 евра.

Иницијативата со којашто се сака да се спречат негативните последици предизвикувани од консумирањето алкохол, и поздрави лекарската комора и здруженијата како најголем напредок во областа на јавното здравство по забраната на пушење на јавни места.

„Овој закон ќе спаси животи“, изјави Алисон Даглас, извршната директорка на волонтерската организација Alcohol Focus Scotland, којашто предвидува дека овој закон ќе поштеди 58 животи првата година од неговото спроведување, а до 121 живот „за 20 години, кога оваа политика ќе достигне целосен замав“.

Предминатата 2016 година, 1.265 смртни случаи во Шкотска со 5,3 милиони жители, биле поврзани со консумирање алкохол, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на претходната 2015 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.