Шкотски остров се продава за 5,5 милиони долари (ФОТО)

Шкотскиот остров Алва, со површина од околу две илјади хектари е ставен на продажба за 4,25 милиони британски фунти, односно околу 5,5 милиони американски долари, пишува весникот The Telegraph.

Островот, кој е втор по големина од архипелагот Внатрешни Хебриди, се протега 12 километри во должина и 4 километри во широчина.

Првите населби на островот се појавиле во VI милениум пред нашата ера. На Алва живеат 123 видови птици, меѓу кои се и ретките видови како белоопашестиот орел и елени. Во поширокиот акваториум на архипелагот се среќаваат китови, морски видри, делфини и морски прасиња.

Разгранетото крајбрежје овозможува занимлива пловидба и истражувања, а има во близината на западниот бег на островот има три заливи кои нудат одлични услови за едрење.

Покрај восхитувачката природа, островот има и историско наследство, имено неговите пејзажи биле инспирирани за поемата на славниот Валтер Скот „Господарот на островите“ од 1815 година, а Алва бил често посетуван и од Беатрикс Потер кој посветил две книги за семејството на Дејвид Ливингстон, славниот мисионер и истражувач на Африка, кое живеело на островот.

Генералот Лахлан Мекквери, последниот британски гувернер на Нов Јужен Велс кој е познат и како „Таткото на Австралија“, е роден на Алва во 1810 година.

Неговото име доаѓа од нордискиот збор „Улфур“ што значи „Остров на волците“. Првата населба датира од 5.600 година пред Христа.

Во 1950-те година на островот е изграден замок во неокласичен стил, кој требало да го замени претходниот објект кој изгорел во пожар, како и црква, ресторан и уште осум објекти. Според написот, тој е понуден на продажба првпат за изминатите 70 години.